дома Црна хроника Возило со дипломатски таблички се запали во движење во Кисела Вода

Возило со дипломатски таблички се запали во движење во Кисела Вода

63

Возило со италијански дипломатски таблички настрада во пожар вечерва во скопска Кисела Вода. 41-годишен скопјанец возел со возилото марка „џип“ одел кон Сопиште, но забележал чад од хаубата, по што застанал и побарал помош од локалците.

-Вечерва во 19.29 час. во СВР Скопје од страна БППЗ пријавено е дека на место викано Теферич -К.Вода  гори возило. Од страна на полициски службеници од ПС К.Вода излезено е на место на настан при што е констатирано дека е опожарено возило “џип” , сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје, кој појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема, велат од МВР.



ПредходнаСуштината е што го натерало Груевски на тие тајни средби и да биде дел од оваа оска со Ахмети и СДС
СледнаТешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил