Повеќе од 15 видео игри и проекти на македонски студија, тимови и независни девелопери ќе бидат претставени на GDR26 EXPO – „Покажи ја твојата игра“, што ќе се одржи денеска и утре во Скопје Сити Мол, во рамки на A1 Game Fest 2026.
Настанот е во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри (MGI) и има цел да ја промовира домашната game development сцена и нејзините автори.
Претседателот на МГИ, Гораст Цветковски, посочува дека годинашното издание е фокусирано на видео игрите и луѓето што ги создаваат, со можност посетителите директно да се запознаат со домашните креативни и технолошки проекти.
Според организаторите, на изложбениот дел ќе се претстават околу 12 до 13 македонски студија и тимови, а повикот за учество сѐ уште е отворен.
Целта на настанот е да се доближат домашните развивачи на видео игри до пошироката јавност, институциите и индустријата, како и да се промовира потенцијалот на секторот кој бележи континуиран развој и сѐ повеќе се поврзува со европската и светската сцена.
GDR26 EXPO ќе биде отворен за посетители од 12 до 20 часот во двата фестивалски дена

