дома Економија Данокот за солидарност удира на егзистенцијата на 180 компании

Данокот за солидарност удира на егзистенцијата на 180 компании

68

Околу 180 компании, кои се опфатении со новиот Закон за солидарност што деновиве по скратена постапка беше донесен во Парламентот, најдоцна до понеделник до Управата за јавни приходи имаат обврска да достават даночен биланс за оданочување со данок за солидарност. Сумата пресметана по оваа основа, компаниите ќе треба да ја уплатат во рок од еден месец по овој датум, односно до 25 октомври годинава.

Обврзници по основ на новиот данок се компании кои оствариле промет над 10 милиони евра, а добивката им била зголемена за 20% во однос на просекот од последните три години, и истите треба да платат еднократен данок од 30%. Државата веќе пресметала дека арачот кој ќе го собере од овие компании ќе изнесува 76,4 милиони евра.

Образложеие на Владата за причините за носење на еден ваков закон, е да се изврши корекција на пазарната дисторзија и да се обезбеди редистрибуција на товарот на негативните последици од кризата. Но, во суштина со него се удри по единственото здраво ткиво во македоската економија – оние малку успешни компании кои се најголеми и најредовни плаќачи на даночните обврски, кои се во голем дел извозно ориентирани, кои придонесуваат најмногу за нови вработувања и кои во суштина се двигател на македоската економија. И што е особено важно, во голем дел се со странски капитал.

Со оглед дека законот се „крчкаше“ подолго време, уште со самата најава за негово носење, се појавија лавини од негативни реакции. Бизнис заедницата реагираше дека законското решение ги казнува и дополнително ги оптоварува компаниите кои важат за најголеми плаќачи на даноци и кои го полнат буџетот, како и дека мерката нема смисла и во услови кога веќе нема високи цени на енергенсите. Реагираше и Советот на странски инвеститори од каде беше посочено дека, ако се донесе вакво законско решение, дел од компаниите размислувале своите бизниси да ги лоцираат во соседството, каде немало вакви или слични законски решенија.

Не реагираа само фирмите и коморите во кои се организирани, туку и од експертската јавност која посочуваше дека наместо да се бори против сивата економија, државата удира врз успешните компании кои обезбедуваат раст на економијата. Врз компании кои се најголемите плаќачи на разни даноци, ДДВ, придонеси во корист на државниот буџет и на фондовите, кои беа и најголеми донатори на здравствениот сектор во време на корона кризата, а се пример и на општествена одговорност во повеќе области. Поради ваквите реакции Законот првично беше повлечен од Собрание, за сега набрзина да биде донесен, по скратена постапка, со користење на европското знаменце, кое, како што имаше реакции, во овој случај е злоупотребено.

За законот негативи реакции имаше и од опозицијата која и не учествуваше во неговото изгласување. Според лидерот на опозицијската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Миццковски, станува збор за шверцерски закон кој што има за цел тие кои што се лојални и плаќаат даноци и обврски кон државата да плаќаат повеќе, а да ги штити оние кои што не се лојални граѓани кон Македонија и кои и досега не ги плаќале своите обврски и даноците кон државата.

Очигледно дека буџетот не се полни онака како што тие предвидуваат, а посебно во делот на данокот на додадена вредност затоа што состојбата во економијата е катастрофална. Имајќи го сето тоа предвид, Владата удира на оние кои и досега редовно и дисциплинирано си ги исполнуваа обврските, а тоа се компаниите кои што работат и мака мачат да заработат за да можат да исплатат личен доход на вработените. Затоа, ова не е е солидарен данок, ова е дополнителен арач врз оние кои што се лојални граѓани во Македонија, изјави Мицковски.

Тој исто така рече дека наместо полнењето на буџетот да се подобри преку борба со сивата економија, Владата удира по оние кои дисциплинирано ги исполнуваат обврските, а тоа го прави за да собере од успешните денар повеќе за да може потоа преку тендери во четири очи делумно да го украде.

За Законот, уште при најавата за солидарен данок, а и сега пред и по неговото донесување, силно реагираше Стопанската комора. Притоа, се посочуваше дека се злоупотребува европската Регулативата 2022/1854. Ваквиот закон го нарушува начелото на почитување на правото и создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека соседните држави немаат воведено сличен данок. Законот е селективен бидејќи не се зема предвид дали добивката е остварена поради конјуктурни промени на пазарот предизвикани од економската криза или, пак, е резултат на нивното работење, односно зголемените инвестиции, подобрената продуктивност, освојувањето нови пазари и слично. Истовремено, непредвидливи закони од ваков вид и други мерки, поттикнуваат сé повеќе компании од Македонија во странска сопственост да почнат да размислуваат за префрлање на своето седиште во некоја од соседните земји кои не носат вакви закони и мерки.

Стопанската комора на Македонија веќе најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок.



ПредходнаЗа брзо возење казнети 183 возачи
СледнаОстар пад на цените на станбените недвижности во Германија