дома Македонија Се подготвува нов Закон за амнестија за да се гласа за уставните...

Се подготвува нов Закон за амнестија за да се гласа за уставните измени, тврди Трајанов, еве кого сè ќе опфати

67





Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вечерва изјави дека се подготвува нов закон за амнестија со цел обезбедување на гласови за уставните измени.

„Го подготвуваат СДСМ и ДУИ. Вклучени се експерти, обвинители, адвокати…. Направен е преглед на кривични дела за кои се судени поранешни носители на јавни функции, опфатени се сите дела врзани за тие што се осудени за 27 април 2017 година и веројатно има и дела со кои се опфатени и некои од актуелни носители на јавни функции за кои се води постапка“, изјави Трајанов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според Трајанов, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.

Од СДСМ негираа дека се подготвува таков закон.

„Ниту Груевски, ниту некој од криминалците од ВМРО-ДПМНЕ нема да се спаси од правдата. Апсолутно не се согласувам дека некој размислува, сака или би поддржал амнестија за злоделата што 11 години ги правеа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Ненад Коциќ од СДСМ во истата емисија.

МИА

– Реклама –








ПредходнаДоколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами
СледнаАко не се запишат како етнички Бугари на пописот, бугарските државјанства ќе им бидат одземени