Американската пејачка Мајли Сајрус вчера стапи во брак со својот партнер, рок-тапанар Макс Морандо со кого е во врска од 2021 година.
На интимна церемонија на венчавката на 33-годишната Мајли Сајрус и 25-годишниот Морандо во Палм Спрингс, пејачката носеше фустан од француската модна куќа „Ив Сен Лоран“, дизајниран од белгиско-италијанскиот дизјнер Ентони Вакарело.

Интересно е тоа што ова можеби е еден од последни дизајни на Вакареко за оваа модна куќа, имајќи предвид дека тој ја напушта функцијата креативен директор во „Ив Сен Лоран“ по 10 години.
На фотографиите од церемонијата што ги сподели Сајрус, таа позира покрај својот сопруг и нивното куче, облечена во бел фустан, изработен целосно од свила, со долги ракави, длабоко отворен грб и шлеп.

Изборот на „Ив Сен Лоран“ не е изненадувачки, бидејќи Сајрус соработува со оваа модна куќа со години. Неодамна, ѕвездата се појави во креации на Вакарело и на доделувањето на наградите „Златен глобус“, како и на нејзините концерти во „Холивуд Боул“ во октомври.
Инаку, и младоженецот Морандо носеше „Ив Сен Лоран“. Тој се одлучи за црно сако од смокинг, комбинирано со вратоврска од свилен сатен. Својот изглед го надополни со личен рок-ен-рол печат преку кожени патики и очила за сонце.


