СВР Тетово информира дека вчера (4 февруари) околу 18 часот и 20 минути во гостиварската населба Питарница, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 49-годишниот Љ.С. од горнореканското село Сенце дека се однесувал агресивно и ги навредувал полициските службеници од Полициското одделение Маврово.
Се расчистува и документира случајот и против лицето ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи