дома Популарно Пендаровски тврди дека со измените на Кривичниот законик Груевски нема да се...

Пендаровски тврди дека со измените на Кривичниот законик Груевски нема да се врати во Македонија

146

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Гласот на Америка“, прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функиција, кажа дека „со последните измени на кривичниот законик, Никола Груевски, нема да се врати во Македонија“.

„Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно“, рече Пендаровски.

Сепак, Пендаровски не може да гарантира сценарио дека Груевски би бил испорачан пред правдата во случај да се врати во државата.

Прашан каква порака очекува од американска страна со оглед на ставот на Стејт департментот за измените во Кривичниот законик – дека корупцијата може да ги поткопа аспирациите на земјава, Пендаровски вели дека ваквиот став на американската влада не доаѓа директно по измените на Кривичниот законик, туку тоа биле веќе познати ставови и од европски претставници. Тој се согласува дека државата нема доволно напори за намалување на корупцијата.

На прашањето зошто ги дозволи измените на Кривичниот законик, Пендаровски рече „затоа што самата содржина на измените не ја провоцира корупцијата.“

„Текстот на законот вели минимално се намалуваат казните за лежење затвор – значи не се укинуваат и нема амнестија; и второ, се прошируваат основите и се олеснува процедурата за конфискација на имот“, вели Пендаровски во интервјуто.

Тој смета дека главниот проблем е во неспроведување на законите, нивната селективна примена или „обидите да се најдат ‘дупки’ во законите“.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаПописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност
СледнаМоравјецки продолжува со острата реторика, му порача на Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците