дома Македонија Економија Со донација на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ ќе се формира Ургентен тријажен...

Со донација на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ ќе се формира Ургентен тријажен центар на Клиниката за токсикологија

Донацијата од „Комерцијална банка“ изнесува 235.000 евра, а од „Алкалоид“ 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра.

Договорот за донацијата министерот го потпиша со Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во „Комерцијална банка“ и Владо Индов, директор во „Алкалоид“.

Министерот кажа дека Тријажниот центар ќе биде прв контакт за прием на пациентите, каде во зависност од состојбата ќе може да останат до 48 часа, а понатаму ќе бидат препратени или на некоја од Интерните клиники или ќе бидат пуштени дома.

Центарот ќе биде опремен со апарати за интензивна и полуинтензивна нега, компјутерска томографија, рентген и ендоскопија.

Се очекува Центарот да биде готов за неколку месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПредходнаИнспекторатот за труд утврди неправилности во огласите и процедурите за вработување во М-НАВ
СледнаПринцот Хари пристигна во Лондон за да биде со својот татко