дома Македонија Владата секојдневно да ја информира ЕУ и најостро да реагира за грубото...

Владата секојдневно да ја информира ЕУ и најостро да реагира за грубото мешање на Бугарија во пописот во Албанија, бара Демократски сојуз

63

Македонците во Албанија да се изјаснат слободно за својата етничка припадност, а македонската Влада најостро да реагира на мешањето на Бугарија во пописот во Албанија, повика Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

„Демократскиот сојуз ги повикува сите Македонци во Албанија на пописот слободно да ја искажат својата национална и верска припадност, како и мајчиниот македонски јазик на кој зборуваат и да не им обраќааат внимание на заканите на претставници од Бугарија. Националната свест има највисока цена и со ништо не може да се промени“, апелираат од партијата до Македонците во Албанија.

Од македонскиот државен-политички врв, ДС бара да се вклучи во заштитата на Македонците во Албанија од, како што велат, „бруталниот притисок“ на Бугарија. Меѓу другото, партијата бара власта активно да ги пријавува сите слични активности на Софија до меѓународната заедница.

„Демократскиот сојуз бара Владата изворно да ги следи сите недемократски и незаконити активности на претставници на Бугарија врз Македонците, секојдневно да ги информира и најостро да реагира пред Советот на Европа и Европската унија за грубото мешање на Бугарија во пописот на населението во Албанија заради менување на националната свест на Македонците“, се вели во реакцијата.

Истовремено, од ДС ги повикуваат функционерите да се вратат од САД.

„Доста долго сте во САД, време е да се вратите во државата и да се фатите за работа“, порачуваат од партијата.

– Реклама –

ПредходнаВјоса Османи ја прекина посетата на САД по убиството на полицаец во северно Косово
СледнаАмбасадата на САД во Приштина најостро го осуди нападот врз косовската полиција