дома Технологија Израелската војска се повлече и зад себе го остави во урнатини градот...

Израелската војска се повлече и зад себе го остави во урнатини градот Газа

44

– Израелските сили се повлекоа од некои делови на градот Газа и зад себе оставија урнатини.

По нападите на Појасот Газа, кои почнаа на 7 октомври, израелските сили започнаа копнена инвазија на 27 октомври.

Израелското бомбардирање, кое траеше со недели, градските квартови ги претвори во куп урнатини.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 27.708 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 67.147 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа се интерно раселени и се соочуваат со огромен недостиг на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаПоставени ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на ризични локации
СледнаНа претседателските избори во Русија ќе учествуваат четворица кандидати