дома Економија ЕУ и Британија мора да ги одложат прописите за трговија со електрични...

ЕУ и Британија мора да ги одложат прописите за трговија со електрични возила

61

Европската унија и Велика Британија мора итно да дејствуваат за да го одложат стапувањето во сила на новите регулативи за трговија со електрични возила кои вклучуваат тарифи од 10 отсто, предупреди во понеделникот европската асоцијација за автомобилска индустрија ACEA.

„Зголемувањето на потрошувачките цени на европските електрични возила, токму во моментот кога треба да се бориме за удел на пазарот во услови на жестока меѓународна конкуренција, не е добар потег“, рече претседателот на ACEA, извршен директор на „Renault“, Лука де Мео.

Од ACEA ја издаде оваа објава пред планираниот трговски состанок меѓу претставниците на Европската унија и Велика Британија подоцна оваа седмица.

Според новиот трговски договор, електричните возила ќе бидат бесцарински од 2024 година доколку 45 отсто од нивните компоненти се произведуваат во Британија или ЕУ. Во случај на батерии и склопови на батерии, уделот се зголемил на 50 до 60 проценти. Доколку не ги исполнат овие критериуми, Британија и ЕУ ќе наплаќаат царина од 10 отсто за увозот.

Проблемот е што ниту британските, ниту производителите на автомобили од ЕУ не ги завршија синџирите на снабдување што би им овозможиле да ги исполнат условите за извоз без царина, па затоа бараат рокот да се помести до 2027 година.

Од „Stellantis“ предупредија дека британските фабрики за автомобили ќе го стават клучот во бравата, со губење на илјадници работни места, доколку Брисел и Лондон не започнат нови преговори за трговскиот режим на краток рок. Од „Ford“ истакнаа дека новите регулативи ќе ја забават транзицијата кон електрична енергија.

Според новите прописи, производителите на ЕУ би платиле 4,3 милијарди евра царина во Британија во текот на три години. Бидејќи Британија е дестинација на речиси четвртина од извозот на електрични возила од ЕУ, тоа би можело да значи и до 480.000 помалку автомобили произведени на континентот.

Здружението тврди дека, според проценките на нејзините членки, само 10 отсто од електричните возила ќе ги исполнат условите за увоз без царина во 2024 година, па европските компании веројатно ќе ја загубат трката со конкуренцијата од Кина и другите земји.

Европската комисија се двоуми дали да преговара, забележува Reuters, потсетувајќи дека функционерот задолжен за следење на договорот, Штефан Фиринг, во јуни изјави дека правилата за потекло се „погодни за целта“ и дека ЕУ не размислува за промени.



ПредходнаФОТО I По претрес во скопско Количани пронајдени пушки, приведено е едно лице
СледнаБектеши обелодени дел од маркетите кои се затворени поради непочитување на владината мерка