дома Технологија Ако сметаат дека опозицијата е подобра, не треба да седат во Влада

Ако сметаат дека опозицијата е подобра, не треба да седат во Влада

37

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во денешната емисија „Само Интервју“ на Канал 5 за ја бранеше одлуката на техничкиот премиер Талат Џафери, кој му предложи на Собранието да ги разреши министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити.

На нивно место треба да се изберат кадрите кои вчера ги предложи Алијанса за Албанците, по расколот помеѓу актуелниот и поранешниот шеф на партијата.

„Зошто ако сметаат дека е подобра опозицијата, да седат во владата?“, рече министерката.

Таа додаде дека опозицискиот албански блок кон каде што сега гравитира Арбен Таравари, актуелниот претседател на Алијансата на Албанците, е понационалистички настроен од ДУИ и дека таква ќе биде нивната предизборна кампања.

„Како ќе течат изборите, се помалку ќе се зборува за програми, а повеќе ќе се зборува со националистичка реторика“, наведе таа.

За тоа што Џафери не бил на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев рече дека техничкиот премиер веќе покажал почит.

„Јас не мислам дека Талат Џафери не покажа почитување кон македонската историја. Тој одржа говор на Мечкин камен во август, оддал чест и во многу други прилики“, истакна Петровска.

Додаде дека Џафери за брзо време се вклопил во Владата, но и дека не бил вицепремиерот Артан Груби тој што ги влече конците.

„Последен збор го има Владата како колективно тело, нема поединци. Ако некои од министрите имаат лични фрустрации кон Груби, не е коректно да го изнесуваат тоа во јавноста. Однесувањето на Груби е конструктивно“, заклучи Петровска.

ПредходнаШто се случи со вашите облини?
СледнаЌерката на Хајди Клум гордо ги покажа своите акни и ги охрабри жените да се чувствуваат добро во сопствената кожа