Утринава на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани се случи убиство. Со повеќе убоди со нож смртно настрада жена, објави РадиоКочани.мк.
Според првичните неофицијални информации, жителите од околните куќи околу 6:15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина, на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место. Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги објави Радио Кочани.
Причина за злосторството е љубомора, но и користољубие на кое сега починатата одлучила да му стави крај.
– Лица кои се претставуваат како блиски на починатата, велат дека во изминатите 7 години, константно била уценувана за пари од убиецот. У.Р. ја уценувал сега починатата со компромитирачки материјал, поради што таа постојано му давала пари и подигнувала кредити. Откако финансиски била исцрпена, се одлучила случајот да го пријави во кочанското обвинителство, објави телевизијата.
Осомничениот без да се обиде да бега, ги сочекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.