Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни за одбраната на Украина, неколку дена откако медиумите објавија дека се очекува смена на првиот човек на украинската армија.
Се сретнав со генералот Валериј Залужни. Му се заблагодарив за две години бранење на Украина. Разговаравме за обнова на вооружените сили на Украина, која е неопходна“, објави Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.
Залужњи (50) стана врховен командант на украинската армија неколку месеци пред руската инвазија во февруари 2022 година. Под негова команда, украинските трупи спречија целосна инвазија и подоцна вратија некои окупирани територии. Но, се почестите недоразбирањата со државниот врв, доведе до негова смена.
За нов врховен командант на вооружените сили на Украина, е назначен Александар Сириски.
Го назначив генерал-полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, соопшти Зеленски.
Тој додаде дека од денска раководењето со украинската армија го презема нов тим.
Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдиевка и во Генералштабот, рече Зеленски.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи