дома Технологија Во ЕУ не потпишуваат меници, како што тоа го прават во ВМРО-ДПМНЕ,...

Во ЕУ не потпишуваат меници, како што тоа го прават во ВМРО-ДПМНЕ, таму има сериозни политички лидери

42

„Не сме доведени во ќорсокак поради т.н француски предлог, кој потоа стана предлог на ЕУ, ние сме тука поради немањето храброст на ВМРО-ДПМНЕ да донесе еднаш во историјат ана своето постоење, државничка одлука за доброто на државата. ВМРО-ДПМНЕ сега треба да им каже на граѓаните – дали по изборите ке продолжат по патот на ЕУ, ако тие ја добијат власта, или јасно да го кажат планот Б. До пред некое време, кажуваа дека кога ќе дојдат на власт тие имаат план кој што нема да го кажат, и ќе направат се ЕУ да ги промени своите позиции, мислејќи на уставните измени итн. Зошто не го искористат тој план да ја предомислат Грција и да им помогнат на граѓаните, за пролонгирање на пасошите. Еве нека ги искористат, Грција е дел од ЕУ. Нивниот став и интерес е само доаѓањето на власт. Нечесно и некоректно е да кажувате дека имате план, а да немате,“ рече министерката за одбрана и претседавач на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата Само Интервју на Канал 5 Телевизија.

Петровска изрази уверување дека според  сите изјави и гаранции кои беа дадени од претставници на ЕУ,  уставните измени се единствениот услов за продолжување на ЕУ процесот на земјата. Како и дека со промена на состојбите на европско тло, особено Украина мислам дека ЕУ е заинтересирана што поскоро да се придвижиме кон ЕУ, затоа што процесот на интеграција, на земјите од Западен Балкан, е единствената точка околу која сите се сложуваат. Како и дека ЕУ прави се што е можно да биде загарантирано, останува на нас да ја донесеме таа одлука.

А какви гаранции бара ВМРО-ДПМНЕ, за да го продолжиме патот? Во ЕУ не потпишуваат меници, како што тоа го прават во ВМРО-ДПМНЕ, таму се сериозни политички лидери,  ако на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерите од нивнат аполитичка партија, им требаат изговори, тогаш во тоа се совршено добри, за нешштото да не го направат,  и тоа го правеа 11 години, кога слушавме изговори дека ни се виновни сите, слушавме  снимки од нелегално прислушкувани разговори кои сами си ги правеа,зашто не си веруваа едни на други, во 2008 било на маса промената на уставното името на оваа држава, за разлика од тоа ког атврдеа дека тоа кај нив никогаш не било тема на дискусија,“ рече Петровска.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаВучиќ поддржува терористички групи да го дестабилизираат Косово
СледнаВИДЕО| Шпанија поделена за евровизиската песна, феминистките велат дека е навредлива