дома Технологија Дал отказ и отишол да живее на Антарктикот! Температурата е -76, а заработува...

Дал отказ и отишол да живее на Антарктикот! Температурата е -76, а заработува околу 70.000 евра годишно

39

Американецот Џеф Капс решил да ја напушти работата, а потоа почнал да работи во американската поларна станица „Амундсен – Скот“.

Џеф неодамна откри детали од својот живот на Антарктикот .

 – Работев како автомеханичар. Еден ден еден стар пријател ми кажа дека им треба механичар за да работи на моторни санки на Јужниот пол и јас бев многу заинтересиран – изјави Џеф за „Мирор“.

Годишно заработува околу 70.000 евра. Тој ја запознал својата девојка Мишел на Антарктикот. Тие живеат заедно со истражувачи кои ги анализираат климатските промени.

 – Објектот што го живееме го нарекуваме нашиот вселенски брод бидејќи е оддалечен повеќе од илјада километри од следните истражувачки станици. Целосно сме изолирани од се – изјави Џеф.

View this post on Instagram A post shared by Jeff Capps (@thejeffcapps)

Со Џеф и Мишел во иста зграда живеат 43 луѓе.

 -Изградивме исклучително блиска заедница бидејќи секојдневно ги гледаме истите луѓе. Се е прилично добро додека не ја отвориме надворешната врата, а потоа се се менува – изјави Џеф.

Тој раскажа и како некогаш поправал возила на -76 степени Целзиусови.

 – Најлошо е кога студот ќе погоди кој било дел од кожата што не сте го покриле. Чувствувате како некој да ве прободува – опиша тој.

View this post on Instagram A post shared by Jeff Capps (@thejeffcapps)

И покрај сите предизвици, Џеф верува дека дружењето е најдобриот дел од животот на Јужниот пол.

– Ние сме како големо семејство. Се расправаме, но сепак се почитуваме. По тепачката да направиме забава и да уживаме во виски – рече тој.

Џеф е активен на Инстаграм каде објавува многу интересни детали од Јужниот пол.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаХоти: Синоќа по првпат сојузниците го критикуваа Косово на една расправа во СБ на ОН
СледнаГраѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист