дома Магазин Водата може да ни помогне да изгубиме тежина

Водата може да ни помогне да изгубиме тежина

46

Диететичарката Ејми Гудсон неодамна потсети дека „водата е корисна бидејќи создава чувство на ситост, но сама по себе не е директна причина за слабеење“.

Студијата спроведена на Универзитетот Вагенинген во Холандија покажа дека учесниците кои испиле милкшејк откако испиле чаша вода се чувствувале сити побрзо од оние кои ја прескокнале чашата вода. Со други зборови, докажано е дека една чаша вода пред или после оброк може да ни помогне да се чувствуваме сити, што е добро за усвојување на навиката да јадеме помали оброци.

„Водата е важна и за време на тренинзите бидејќи може да придонесе за согорување на калориите, додека дехидратацијата може да нè замори и успори“, објасни Гудсон.

Колку вода треба да пие човек на ден? Зависи, вели Гудсон.

„Иако постои правило да се пијат осум чаши вода дневно, тоа всушност зависи од возраста, полот, нивото на активност и целокупното здравје. За жените, идеалната количина е околу 11,5 чаши дневно, а за мажите околу 15,5 чаши Сепак, овие проценки вклучуваат течности што се консумираат од храна и пијалаци. Кога ќе го земеме тоа предвид, на жените им требаат околу девет чаши течност дневно, а на мажите околу 13 за да ја заменат изгубената количина на вода“, вели диететичарката.

ПредходнаГрција планира на Индија да ѝ продаде 18 расходувани авиони Мираж 2000
СледнаСменет Залужни, врховниот командант на Вооружените сили на Украина