дома Технологија Во тек е инвазијата на градот во кој побегнаа 1,5 милиони Палестинци...

Во тек е инвазијата на градот во кој побегнаа 1,5 милиони Палестинци – Бенјамин Нетанјаху до Армијата: “Започнуваме!“

48

Само неколку часа по разговорите меѓу Ентони Блинкен и Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, Израел изврши напад на Рафах, град во Појасот Газа кој се наоѓа во близина на границата со Египет и полн со палестински бегалци од опустошените делови на палестинската територија.

Одлуката на Израел да нападне град кој се смета за последно засолниште на палестинските цивили во Појсот Газа и покрај јавното американско противење ќе ги затегне односите меѓу Вашингтон и екстремно десничарската израелска Влада предводена од конзервативниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Сателитски снимки на Рафах од 15. октомври 2023 година и 14. јануари 2024 година

Хуманитарните агенции и ОН ги осудија последните израелски напади. Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, во средата кажа дека израелската акција ќе го засили кошмарот со нераскажани регионални последици.

Нападите врз Рафах започнаа откако израелскиот премиер во средата го отфрли предлогот на Хамас за прекин на огнот посредуван од странски сили, вклучително и САД. Бенјамин Нетанјаху го опиша планот како „луд“. Премиерот на Израел свика своја прес-конференција, што не е вообичаена дипломатска практика, и го критикуваше предлогот за кој Вашингтон се надеваше дека може да биде светлина на крајот од тунелот на опасната и крвава криза на Блискиот Исток. А Ентони Блинкен сам се обрати пред печатот, велејќи дека во предлогот на Хамас има елементи кои се неприфатливи за Израел, но и доволен простор за постигнување договор.

„На крајот од петтата посета на Ентони Блинкен за четири месеци, се чини јасно дека односите меѓу американската администрација и Бенјамин Нетанјаху се затегнати“, пишува весникот New York Times.

Прашањето е уште колку треба да трае конфликтот пред да се постигне договор. 

„Се чини дека еден од проблемите е значителен внатрешен политички притисок“, продолжува американскиот дневен весник, додавајќи дека Ентони Блинкен се обидел да и објасни на израелската Влада дека САД нудат значителни стимулации за мир.

Меѓу нив е помошта за обнова на Појасот Газа и можноста за формални дипломатски односи меѓу Израел и Саудиска Арабија доколку Израел се согласи на процес кој води кон палестинска држава и вклучување на палестинската управа во Појасот Газа. Сепак, одлуката на Бенјамин Нетанјаху да ја стави „домашната публика“ на прво место може да го тестира трпението на арапските лидери кои гледаат како се трупаат палестинските цивилни жртви во Појасот Газа. Алтернативата е „спирала на насилство, уништување и очај“.

Медиумската агенција Reuters вчера објави дека речиси половина од населението на Појасот Газа е во Рафах. Станува збор за 1,5 милиони жители, напиша BBC, а тие преживуваат од хуманитарна помош по неколкумесечна брутална војна.

Во вторникот Израелците рекоа дека ИДФ се подготвува за операција во Рафах и дека израелската победа е на само неколку месеци. САД тогаш соопшти дека нападот врз Рафах без внимателно претходно планирање би бил „катастрофален“. Американските изјави кои го предупредуваат Израел да не го прави тоа освен ако не осигура дека човечките жртви се минимизираат почнаа да се слеваат, што покажува дека Владата во Вашингтон е под притисок и го губи трпението со Израел. Во коментарите се слушаше дека е невообичаено САД толку да се вклучат во најавената израелска „нова фаза од операцијата“ за уништување на Хамас.

Меѓутоа, израелската Влада очигледно не се согласи, а сите изјави на премиерот оваа недела покажуваат дека тој во своите одлуки пред се ја има предвид домашната публика и дека не обрнува премногу внимание на главниот сојузник од кој добива воена помош во вредност од неколку милијарди долари секоја година. Таа изнесува околу 3,8 милијарди долари годишно. Во четвртокот Џо Бајден кажа дека „Израел отишол предалеку“, по изјавата на портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, дека САД нема да поддржи такви напади доколку израелската Армија не ја земе предвид заштитата на невините животи.

Појасот Газа објави дека најмалку 15 лица загинале во нападите во првиот дел од денот, од кои осум во Рафах. Салем Ел Рајес, новинар кој живее во камп за раселени лица во Рафах, вели дека во нападот биле убиени и деца. Во воздушниот напад била погодена блиска куќа, а Салем Ел Рајес тврди дека „телата на жртвите летале од третиот кат“.

Повеќето од раселените луѓе во Рафах живеат во тешки услови во шатори. На прашањето на BBC каде треба да одат бегалците во Рафах, доколку Израел покрене операција, заменик портпаролот на Стејт Департментот, Ведант Пател, одговори дека ова е легитимно прашање на кое Израел треба да одговори.

Ентони Блинкен

Странските медиуми јавуваат дека Израел ги интензивирал нападите врз Рафах по првото гранатирање во четвртокот. Населението стравува од копнена инвазија. А единствената алтернатива за останување во Рафах е да се пребега на север преку област која е под постојан израелски напад.

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаВработена на Психијатрија снимала пациентка и го објавила видеото, ќе одговара за две кривични дела
СледнаБајден задоволен што нема да биде обвинет за поседување доверливи владини документи