Со 62 гласа за, ниту еден глас против и ниту еден воздржан, пратениците во Собранието на Република Македонија во две одделни гласања ги разрешија министерот за здравство Фатмир Меџити и Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето откако цел ден жестоко ги бранеа министрите на Арбен Таравари од разрешување.
Ова следува откако настана раскол во партијата Алијанса за Албанците по одлуката на Арбен Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција. На ваквата одлука се спротивставија почесниот претседател Зијадин Села и најголемиот број истакнати членови и функционери на партијата. За утре на иницијатива на Зијадин Села е закажано Централно претседателство на партијата на кое ќе се одлучи дали Арбен Таравари ќе остане на фунцкијата претседател на партијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: