дома Свет Хрватската полиција упадна во Либерланд, фиктивна „држава“ на Дунав, уапсени се неколку...

Хрватската полиција упадна во Либерланд, фиктивна „држава“ на Дунав, уапсени се неколку лица

63

Хрватската полиција изврши рација во Либерланд, фиктивна „држава“ на Дунав, кај Бачки Моноштор во Србија и Змајевац во Хрватска, која беше запоседната и прогласена од страна на Чехот Вит Једличка во април 2015 година.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Либерланд, полицијата во четвртокот дошла во придружба на инспектори на хрватските шуми и екипа за уривање која „уништила приватен имот и уапсила неколку Либерланѓани“, јавува денеска Дневник.хр.

Сè, како што велат, се случило без најава или полициско предупредување, а на луѓето кои живеат таму не им било дадено доволно време да ги соберат своите работи, наведува Либерланд. Нема повредени, но е оштетен или запленет имот, пишува хрватскиот портал Дневник.

На страницата е наведен оштетениот или отстранет имот, вклучувајќи две куќи во градина и куќа на плажа, кујна на отворено со повеќе фрижидери и шпорети, генератори и електронска опрема, антена Starlink, велосипеди, храна и други потреби.

Либерланд наведува дека полицијата и вработените во Хрватски шуми се однесувале непрофесионално и ги навредувале луѓето. Побаравме писмено известување или извештај и ни рекоа дека нема и нема да има. Го снимивме и фотографиравме овој инцидент и веќе започнавме правна битка на неколку нивоа“, се посочува на веб-страницата Либерланд.

МИА

– Реклама –

ПредходнаВо едно од возилата од вчерашниот напад во северно Косово најдени документи на потпретседателот на Српска листа, Радојичиќ
СледнаАмериканските тенкови Абрамс пристигнаа во Украина