дома Македонија Политика Собранието на Алијанса за Албанците го разреши Таравари од функцијатата претседател на...

Собранието на Алијанса за Албанците го разреши Таравари од функцијатата претседател на партијата

Членовите на Централното собрание на Алијансата за Албанците денеска заседаваа во скопскиот хотел „Буши“ за да ги разгледаaт опциите што ќе прави понатаму партијата. Дали целосно ќе се подели или ќе се бараат начини да се врати единството.

Собранието на Алијанса за Албанците на крајот одлучи да го разреши претседателот на партијата Арбен Таравари од функцијата. Зијадин Села ја потврди оваа информација и рече дека ќе свикаат Конгрес за да ја потврдат оваа одлука. Конгресот треба да биде оддржан на 18 февруари. Според информациите, „За“ гласале 106 членови, 1 бил „против“ и еден отсутен.

Инаку, доцна синоќа беа разрешени министрите за здравство и информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, откако тие застанаа во поддршка на Таравари.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/8119208628094253

Пронајдете не на следниве мрежи:

ПредходнаПОГРЕБОТ НА КРАЛОТ ЧАРЛС III Е ПЛАНИРАН ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА !? Монархот се бори со ракот, а веќе одамна се знае како ќе биде испратен на вечното почивалиште
СледнаПриштина и косовски медиуми лажираа атентат врз Курти