Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, информираат од ЈП Водовод и канализација.
– За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.
Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење, соопштија од претпријатието.
Пронајдете не на следниве мрежи: