дома Економија Битиќи во Вашингтон: Размената на стоки со САД бележи нагорна линија, потенцијалот...

Битиќи во Вашингтон: Размената на стоки со САД бележи нагорна линија, потенцијалот на соработката ќе расте уште повеќе

66

Зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во Вашингтон оствари средба со Дејвид де Фалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија при американското Министерство за трговија.

На средбата, вицепремиерот Битиќи и де Фалко разговараа за унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД особено во областите на енергетика, ИКТ, земјоделство, транспорт и во одбранбената индустрија.

Вицепремиерот Битиќи подвлече дека размената на стоки меѓу Северна Македонија и САД бележи нагорна линија и додаде дека во периодот јануари – јули 2023 година, бележи пораст од 3.8 % во однос на истиот период од претходната година. Ова додаде Битиќи, се многу оптимистички бројки кои говорат за потенцијалот на соработката која може да биде уште поголема.

На средбата, вицепремиерот Битиќи го стави фокусот во креирање силен регионален синџир на вредност со што значително ќе се подобри конкурентноста на Северна Македонија, и тука ја спомна потребата од “near shoring“, со што земјата, регионот, но и Европа како целина нема да зависат од далечните азиски синџири за снабдување, како што беше примерот за време на КОВИД кризата.

Заменик- помошникот на американскиот секретар за трговија за Европа и Евроазија, Дејвид де Фалко, од негова страна истакна дека Северна Македонија е стратешки политички и економски партнер на САД и додаде дека оваа соработка ќе се унапредува уште повеќе во наредниот период.



ПредходнаУЕФА презеде чекори кон делумна реинтеграција на рускиот фудбал
СледнаУкраина изврши напад врз руската енергетска инфраструктура, неколку села без струја