дома Култура Распишан меѓународен конкурс за стрип

Распишан меѓународен конкурс за стрип

    Стрип центарот на Македонија-Велес распиша меѓународен конкурс за стрип кој е составен дел од активностите од традиционалниот 21 – ви  Меѓународен стрип салон „Велес 2024“ што го финансираат Министерството за култура и Општина Велес. Конкурсот трае до 1 август годинава. Како што информираат од  СЦМ-Велес, темата на стрипот е слободна. Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови. На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

Според пропозициите право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

Од СЦМ-Велес појаснуваат дека должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички.

– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди,посочуваат од СЦМ-Велес.

Воедно додаваат дека стриповите од македонски автори пожелно е да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на  изложбата на Салонот на стрип  ВЕЛЕС 2024со реална можност за друг вид на промоција.:Ќе бидат доделени и вредни парични награди а првата за Златен стрип е 300 евра.

Стриповите  може да се испратат нa) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија(пожелно преку Eco Logistic ) Или преку Е-маил : stripkonkurs@gmail.com

Заинтересираните стрип автори  може да се јават и на телефон +38978867327, информираат од СЦМ-Велес.ад/са/

ПредходнаОтворен поетски ден на кој ќе се одбележи 77-годишнината од постоењето на ДПМ
СледнаФерари го претстави новиот болид