дома Uncategorized Ферари го претстави новиот болид

Ферари го претстави новиот болид

     Прославениот италијански тим Ферари го претстави денеска новиот болид SF-24 со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Формула 1 која стартува на почетокот на март.

Шефот на екипата Фредерик Васер рече дека „екипата мора да продолжи таму каде што застанала минатата сезона“ кога во последните трки возачот на Ферари, Шарл Леклер освои три пол позиции.

„Минатата година беше специфична со тежок почеток и прилично добар крај на сезоната. Ќе има подеми и падови, но најважно е да останеме доследни во нашиот пристап‘, изјави Васер.

Претсезонските тестирања ќе се одржат од 21 до 23 февруари во Бахреин. А новата сезона ќе стартува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

ПредходнаРаспишан меѓународен конкурс за стрип
СледнаАлонсо: Ќе биде интересно да се гледа Мерцедес оваа година кога се знае дека Хамилтон ќе го напушти тимот