дома Uncategorized Гвардиола го спореди Де Бруин со најскапите вина во Италија и Франција

Гвардиола го спореди Де Бруин со најскапите вина во Италија и Франција

     Пеп Гвардиола е воодушевен од Кевин Де Бруин во последно време.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се врати на терените на почетокот на јануари по пет месеци опоравување од повредата на тетивата. На 7 натпревари од почетокот на годината, Белгиецот постигна 2 гола и направи 6 асистенции.

– Кевин продолжува да се подобрува, тој е како убаво вино. Можеби тој е како „Brunello di Montalcino“ (познато како најскапото од традиционалните италијански вина) или Sassicaia (познатото тосканско вино). Се врати свеж, не само физички туку и психички. Неговиот придонес е секогаш специјален, затоа што тој е специјален, изјави Гвардиола по победата на Манчестер Сити од 3-1 на гостувањето кај Копенхаген во Лигата на шампионите

ПредходнаМегваер: Хојлунд ќе биде голем играч за Манчестер Јунајтед
СледнаПоранешната холандска фудбалска ѕвезда Квинси Промес осуден на шест години затвор за шверц на повеќе од 1.350 килограми кокаин