дома Македонија Таравари ко Обама, сакал и он претседател Албанец да биде

Таравари ко Обама, сакал и он претседател Албанец да биде

43

– Кога можеше во САД да победи кандидат со црна боја на кожата, зошто да не може Албанец во Македонија? – изјави денеска лидерот на Алијанса за Албанците, објавувајќи ја и официјално својата кандидатура за претстојните претседателски избори во Македонија. Тој ќе трча за фотелјата во вилата „Водно“ како кандидат на албанската опозиција, која е обединета во Европскиот сојуз за промени. Откако прво рече дека не е заинтересиран за предлогот да биде претседател на државата, сега одрече, бидејќи верува дека е дојдено времето за претседател Албанец и направи паралела со победата на Барак Обама на изборите во САД, пред 15 години.

СДСМ и лидерот КОвачевски најави дека ке имаат кадидат по европски терк како што е актуелниот Стево Пендаровски.Од партијата на Али Ахмети досега не се изјаснија дали ќе го поддржат кандидатот за претседател на СДСМ. Претседателот на техничката влада, Талат Џафери, денеска кусо изјави дека не знае дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори

Предлогот за кандидатурата на Таравари од албанската опозиција е од пред еден месец и тој првично одговори дека не е заинтересиран за фотелја во претседателската вила „Водно“, но сега изјави дека лидерите на опозициските партии на Албанците му понудиле да избере што сака и дека заедно одлучиле дека неговата кандидатура за претседател е вистински избор.

Таравари, денеска, од Гостивар, при објавувањето на своето пријавување за учесник за претседател на државата, изјави дека верува дека е дојдено време за претседател Албанец и направи паралела со победата на Барак Обама на изборите во САД, пред 15 години.

– Во Америка, пред 15 години, се случи да победи човек со црна боја на кожата. Зошто да не може и во Македонија, по 30 години демократија, да добиеме поддршка од Албанците, Македонците, Ромите, Бошњацитe? – изјави Таравари.

Рече дека претстојната претседателска кампања ќе биде приказна за инспирација, европеизам и триумф и истакна дека е дојдено време државата да има претседател Албанец, вистински, а не технички.

 

ПредходнаЈСП повторно на штрајк, Данела повторно ги остава скопјани без превоз
СледнаФракцијата на Оливер Андонов со тужба против ВМРО-ДПМНЕ