„Секако дека не може да бидат парти кои што се за некакви алтернативни решенија, а не за членство во ЕУ. Бидејќи гледајте, во Северна Македонија имаме два концепти. Едниот е за Европска Македонија и другиот е за изолација. Вие имате претседатели на политички партии кои велат дека 100 години нема да влеземе во ЕУ, ако треба и никогаш. Имате политичка партија чиј што претседателски кандидат вели дека треба да се поништи нашето членство во НАТО, да се одржуваат поблиски односи со Кина, отколку со ЕУ“, порача Димитар Ковачевски.
Иако СДСМ е партијата на власт која што има најмногу пратеници во Собранието и која според Законот за техничка влада требаше да има технички премиер, сепак на оваа функција стапи Талат Џафери. Опозицијата постојано критикуваше дека Ковачевски и СДСМ ја препуштиле власта на ДУИ и практично оваа партија, а не СДСМ владее во државата. Ковачевски, со одоговор:
„Погледнете го бројот на министри на ДУИ во владата која што јас сум ја предводел, погледнете го бројот на минситри на ДУИ во владата која што ја предводел ВМРО-ДПМНЕ во тек на 11 години. Исти е бројот. Проблемот е што, ВМРО-ДПМНЕ сака сите Албанци да ги претстави како ДУИ, што не е точно. Министерот за здравство, за информатичко општество, претходно министерот без ресор за односи со дијаспората, тие не беа од ДУИ“, вели Димитар Ковачевски.
Ковачевски во интервјуто за МИА порача дека очекува фер и демократски избори, а со оглед на тоа дека има безбедносен сертификат, како поранешен премиер, имал информации дека одредени структури почнале со ширење на лажни вести и дезинформации. Сепак, порачува дека верува на иституциите дека можат да се справат со ова и дека во април и мај ќе имаме демократски претседателски и парламентарни избори.