дома Бизнис Просечната нето плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро

Просечната нето плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро

    Просечната месечна нето плата во Хрватска во декември 2023 година изнесува 1.191 евро, што е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС).

Просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,9 отсто, а реално за девет отсто во однос на декември 2022 година, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Во декември минатата година, највисока просечна нето плата е исплатена во областа на производство на кокс и рафинирани нафтени деривати и изнесува 1.795 евра, а најниска во производството на облека, 739 евра.

Просечната хрватска нето плата за декември била 1.005 евра, што значи дека половина од вработените заработиле помалку од таа сума.

ПредходнаНа едно семејство месечно му требаат минимум 57.476 денари за да преживее
СледнаПетрова: Енормно зголемено државно задолжување споредбено со 2023 година