дома Култура 50 – годишнина на Театар „Чекори“ со премиерна претстава „Крај на играта“

50 – годишнина на Театар „Чекори“ со премиерна претстава „Крај на играта“

По повод 50 години од основањето на Театар „Чекори“ и 80 годишнината од раѓањето на основачот Боре Ангеловски во недела, на 25 февруари, со почеток од 20 часот во Домот на култура „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда, премиерно ќе биде изведена претставата „End&Start game” по делото „Крај на играта“ од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски – Руси.

 

 

Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.

Картите ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата по цена од 250 денари.

ПредходнаЈапонски грантови за пет проекти, вредни 300 илјади евра
СледнаКовачевски се извини за „квицкањето на новинарите“, но не би сакал да се повтори периодот до 2016 г.