дома Свет НАТО ќе распореди системи Патриот во Литванија

НАТО ќе распореди системи Патриот во Литванија

   НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи, од американско производство, Патриот во Литванија во 2024 година, најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.

– Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно, истакна Анусаускас.

Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија.

НАТО изминатите години распоредија дополнителни сили во Источна Европа и во балтичките земји поради руската инвазија врз Украина. САД и европските сојузници минатата година и доставија на Украина неколку батерии Патриот, со цел да го поддржат Киев во неговата борба со Русија.

ПредходнаДали центри за рехабилитација на украински војници- потребно е разработка на деталите, велат од Кабинетот на Пендаровски
СледнаКога „бездетната“ женска статуа би можела да проговори