дома Магазин Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси...

Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето

52

   Обложувалниците ги отворија квотите за полуфиналните вечери на Евровизија. Така, во првата полуфинална вечер најголеми шанси за влез во финалето има хрватскиот претставник Бејби Лазања, а по неа е Украина.

Што се однесува до второто полуфинале, на прво место е Холандија, а при врвот е и Швајцарија, која засега е и најголемиот фаворит за победа на овогодишниот натпревар.

Холандија, инаку, го привлекува вниманието со песната „Europapa“ со која годинава ќе ја претставува Јост Клајн. Песната е објавена на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг пред еден месец и досега има над 17 милиони прегледи. Ниту една песна што беше објавена тој период или на почетокот на оваа година не е ниту блиску до холандската.

Инаку, песната „Europapa“ е писмо од Јост до неговиот покоен татко кој починал од рак и му рекол дека нема граници за тоа што може да постигне.

– „Europapa“ е за сирак кој патува низ Европа (и пошироко) за да се најде себеси и да ја раскаже својата приказна. На почетокот луѓето не го препознаваат, но тој продолжува да ја користи секоја можност за да биде виден. Песната е посветена на мојот татко. Воспитувајќи ме, тој ми го пренесе тој широк поглед на светот, изјави Клајн.

Сепак, обложувалниците на холандската песна ѝ даваат девет отсто шанса за победа.

ПредходнаСАД бараат за Месечината да важи посебна временска зона
СледнаПендаровски: Евроатланските интеграции и меѓуетничките односи се клучни стратешки континуитети за демократска и просперитетна држава