дома Општество Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица, вкупно 399 случаи во државата

Хоспитализирани уште девет лица со голема кашлица, вкупно 399 случаи во државата

37

  Пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица во периодот од 29 март до вчера, со намалување од 21,9 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 34, а пријавени се случаи и во Битола – седум, Тетово – пет и по еден случај во Гостивар, Кратово, Велес и во Гевгелија. Возраста на заболените се движи од еден месец до 52 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите 50 случаи, девет се хоспитализирани, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се комплетно вакцинирани, шест се вакцинирани согласно возраста и 28 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

– Заклучно со 4 април, во државава се регистрирани вкупно 399 случаи на голема кашлица, со инциденца од 21,7/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 317 или 79,7 проценти со зафаќање на шестнаесет различни општини. Во однос на возрасната дистрибуција, заболените лица се на возраст од еден месец до 78 години. Дистрибуцијата по пол покажува дека 197 лица се од машки пол, а 202 од женски, односот на машки-женски е 1:1,03, наведуваат од ИЈЗ.

Во однос на вакциналниот статус, 206 лица или 51,6 отсто од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Комплетно вакцинирани или вакцинирани согласно возраста се 160 лица, а за 33 случаи вакциналниот статус е непознат.

Од заболените, хоспитализирани се 58 лица или 14,5 отсто, и тоа 49 или 84,5 проценти од нив на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 41 или 70,7 отсто се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле.

– Согласно Правилникот за критериуми за дефинирање на случаи на заразни болести (Службен весник бр.19/2018), од вкупниот број пријавени случаи – 399, на голема кашлица, 398 се класифицирани како потврдени случаи – лабораториски конфирмирани, а еден случај е класифициран како веројатен – има епидемиолошка врска со лабораториски потврден случај. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 70 случаи, појаснуваат од ИЈЗ.

Доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје утрово изјави за МИА дека од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на терит

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 15.845 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 9.798 или 61,8 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 5.213 или 53,2 отсто. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 10.865 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.411 или 59,0 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 20.663, додаваат од ИЈЗ.

Кога станува збор за Северна Македонија – без Скопје, и број на вакцинирани лица од 18 јануари до 4 април, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 8.192 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 4.517 или 55,1 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 2.338 или 51,8 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 12.365 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент – 6.229 или 50,4 отсто од вакцинираните примиле прва и втора доза на ревакцина. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза, или ревакцинација – прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 4 април изнесува 16.882, појаснуваат од ИЈЗ.

Во тек се две епидемии, пријавени на територијата на Скопје и на Куманово.

ПредходнаКомеморација за Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе
СледнаСтоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции