дома Uncategorized Куртоа се враќа на терените на крајот на месецот

Куртоа се враќа на терените на крајот на месецот

  Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе продолжи со тренинзите на крајот на месецот, откако на 19 март го повреди менискусот.

-На крајот на месецот повторно ќе тренирам со групата, изјави Куртоа, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

Белгискиот голман го скина менискусот веднаш по опоравувањето од повредата на вкрстените лигаменти заработена на почетокот на оваа сезона.

Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година.

ПредходнаСинот на Леброн Џејмс се пријави на НБА драфтот
СледнаНишто ново во Јапонија: Верстапен на пол-позиција