дома Популарно „Бакнежи и намигнувања да праќаш дома, лигав еден!“ (ВИДЕО)

„Бакнежи и намигнувања да праќаш дома, лигав еден!“ (ВИДЕО)

93





Нова кавга избувна денеска на седницата за пратенички прашања, откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, го обвини вицепремиерот дека ѝ праќал бакнежи и ѝ намигнувал од неговото пратеничко место. Му порача дека треба да се засрами, па дури и го нарече „лигав“.

„Вие молчете вицепремиер за европски прашања, затоа што сте најјак од седиште. Да излезете на микрофон и да го зборувате тоа што го зборувате позади микрофон. Како не ви е срам. Нека ве снимаат камери. Ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања, само дома вицепремиеру“, му порача Стојаноска.

Таа ја искара и министерката за труд и социјана политика, Јованка Тренчевска, која одговараше на пратеничко прашање за пензиите и преговорите околу зголемувањата на пензиите. Стојановска ја обвини Тренчевска дека наместо да го одговори прашањето, таа „одржувала партиски митинг“ и зборувала за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овде сте да зборувате што сте сработиле“, ѝ порача Стојановска.

 

– Реклама –








ПредходнаМосква не гледа можност за стабилизација на ситуацијата на Косово
СледнаНаправи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од Fashion&Friends