дома Популарно „Стојаноска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред...

„Стојаноска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија“

72





„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа“, пишува вицепремиерот Бојан Маричиќ, откако пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска го искара од собраниската говорница дека се однесувал недолично, нарекувајќи го „лигав“.

Според Маричиќ, Стојаноска им нанела срам на сите пратеници и целиот Парламент.

„Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.

Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.

Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор“, напиша Маричиќ.

– Реклама –








ПредходнаВо Куманово загинаа осум македонски полицајци, тогаш никој не држеше проповеди за државната комеморација во Косово
СледнаРуските сили со гранати оштетија термоелектрана на југот на Украина