дома Култура Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен...

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

37

  Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

ПредходнаТајм ги објави 100-те највлијателни луѓе во 2024 година
СледнаПланот за раст за Западен Балкан – можност за раст на компаниите, мобилност на младите, вклучување во дититални иновации и медицински набавки