дома Спорт Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона

Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона

40

   Поранешниот тенисер број еден во светот, Рафаел Надал вели дека тешко дека повторно ќе игра во Барселона. Матадорот од Мајорка 12 пати го освојуваше трофејот во Барселона, а сега во второто коло загуби од Алекс де Минор со 7:5, 6:1.

– Можам со речиси целосна сигурност да кажам дека нема повеќе да се натпреварувам овде. Посакувам да можев да бидам поконкурентен, но за мене беше убаво што можев да одиграм два натпревари. Тешко ми е… Имав среќа да напишам прекрасна историја на овој турнир, а сега другите ќе се обидат да ме престигнат. Се има почеток и крај, нема драма“, изјави Надал.

Додаде дека ќе игра во Мадрид ако се чувствува добро, а сега треба да одработи добра недела на тренинзи.

Шпанецот се обидува да гледа на иднината со оптимизам.

-Овде заминувам убеден дека направив чекор напред, не требаше да бидам на својот врв денес. Ако моето тело добро реагира на тренинзите, верувам дека ќе направам чекор напред и во Мадрид. Ако телото може да го издржи дополнителното оптоварување, тогаш ќе можам да се справам подобро – не зборувам за победа, туку за да имам ниво на игра за да можам да се борам. Малку подобро во Мадрид, малку подобро во Рим и во Париз, ако даде Господ. Тоа ќе биде моментот да се обидам да дадам се од себе, тоа ќе биде моментот да умрам за тоа, изјави Рафа по мечот.

ПредходнаХамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
СледнаГвардиола награден по поразот од Реал