дома Свет Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

Во Индија почнаа парламентарните избори кои ќе траат до 1 јуни

30

Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот ќе се одржат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион избирачки места низ земјата. Гласачките ливчиња ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден.

Победата на премиерот Нарендра Моди на изборите изгледа речиси сигурна. Седумдесет и тригодишниот Моди е сè уште многу популарен по два мандати на власт, за време на кои Индија ја зголеми дипломатската моќ и економската положба.

Анкетата спроведена во 2023 година покажа дека Моди е прифатлив кандидат за речиси 80 отсто од Индијците. На изборите во 2014 и 2019 година, тој веќе и донесе две убедливи победи на хинду националистичката партија Бхаратија Џаната.

ПредходнаСАД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
СледнаКосовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија