дома Свет Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот американска воена помош за Израел,...

Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот американска воена помош за Израел, Укарина и Тајван

Претставничкиот дом на САД го одобри пакетот американска воена помош за Тајван

 

Ова е првиот дел од предлог-законот за помош во сферата на безбедноста со вкупна вредност од 95 милијарди долари за Украина, Израел и други партнери на САД. Во Претставничкиот дом на САД денеска одделно се гласаат трите пакети.

Светските агенции јавуваат дека пакетот помош за Тајван бил одобрен од двопартиско мнозинство во Претставничкиот дом, кој е под контрола на претставници на Републиканската партија на САД.

Претставничкиот дом на САД ги одобри пакетите американска воена помош за Украина и Израел.

Трите пакети се дел од предлог-законот за помош во вкупна вредност од 95 милијарди долари. Помошта е на предлог на Владата на американскиот претседател Џо Бајден.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

 

ПредходнаПретставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван
СледнаПендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати