дома Свет Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за...

Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош

30

„Го поздравувам резултатот од денешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Украина ќе ја има трансатлантската поддршка што и е потребна за да се спротивстави на руската агресија“, објави Борел на платформата Икс.

Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и сојузниците на САД во Индо-пацифичкиот регион им обезбедуваат дополнителни средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.

ПредходнаНетанјаху: Гласањето во американскиот Конгрес е поддршка за Израел и одбрана на западната цивилизација
СледнаОсмани отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН