дома Балкан Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност...

Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

40

Како што соопшти Кабинетот на косовската претседателка, се очекува Османи на седницата на СБ на ОН да зборува за напредокот, спроведувањето на реформите, човековите права, демократијата, владеењето на правото и други теми од важност за Косово.

„Претседателката ќе зборува и за потребата од правда за злосторствата извршени од Србија во Косово“, се вели во соопштението.

За време на престојот во Њујорк, Османи, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „се очекува да се сретне и да се координира со некои од постојаните претставници на пријателските земји во Обединетите нации“.

Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се одржи во понеделник во 16 часот по средноевропско време, односно во 10 часот според њујоршко време.

ПредходнаБорел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош
СледнаБлинкен ќе ја посети Кина од 24 до 26 април, соопшти американскиот Стејт департмент