дома Свет Стано: Белград и Приштина да го спроведат Договорот за нормализација и сите...

Стано: Белград и Приштина да го спроведат Договорот за нормализација и сите обврски од дијалогот

„Двете страни прифатија дека нивните соодветни обврски кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација ќе станат составен дел од нивните патишта кон европска интеграција. Анексот за имплементација склучен во март 2023 година во Охрид, исто така, ја одразува оваа заложба на страните“, пренесоа белградските медиуми изјава на Стано .

Тој ја поздрави одлуката на дипломатите на ЕУ да усвојат амандмани на поглавјето 35 во пристапните преговори со Србија, според кои Србија треба целосно да ги спроведе своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација на односите, во согласност со анексот за спроведување, договорен за 18 март 2023 година.

ПредходнаВо првите два месеци од годинава Грција ја посетиле речиси 1,5 милиони туристи, 20,7 отсто повеќе од лани
СледнаЕУ се заканува дека ќе ги суспендира наградите на ТикТок Лајт поради ризикот од „зависност“