дома Политика Заврши кампањата на претседателските кандидати, почна предизборниот молк

Заврши кампањата на претседателските кандидати, почна предизборниот молк

42

   Заврши дваесетдневната кампања за Претседателските избори што ќе се одржат утре. Молкот започна од полноќ и ќе трае до 19 часот на 24 април. Молкот за претседателските избори се поклопува со кампањата за парламентарните избори, која започна на 18 април и ќе трае до 6 мај. Парламентарните избори се закажани на 8 мај, кога се очекува да се одржи и вториот круг од претседателските избори.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера укажа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април до 19 часот запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

-Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во соопштението од АВМУ.

Во овој период, како што е наведено, е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Државната изборна комисија (ДИК), пак, синиќа соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежена за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК.

Во Роковникот за Претседателските избори, се потенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот.

-Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК.

Вообичаено, на ден пред изборите, гласање за претседателските избори се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и нашите државјани во странство

ПредходнаУпатство за гласање на претседателските избори
СледнаТикТок тврди дека забараната на апликацијата во САД ќе значи прекрушување на правото на слобода на говор