„Штотуку го потпишав пакетот за национална безбедност што беше усвоен од Претставничкиот дом овој викенд, а вчера од Сенатот“, рече Бајден.
Тој додаде дека ќе се „погрижи испораките да започнат веднаш, во следните неколку часа”, јавија американските медиуми.
„Ова е голем ден за светскиот мир. Овој закон ќе ги направи Америка и светот побезбедни“, рече претседателот по потпишувањето на законот.
„Украина е способна да победи“, додаде Бајден.