дома Спорт Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се...

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

42
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

ПредходнаО’Брајан во разговор со Курти побара итен напредок кон формирање на ЗСО
СледнаМијатовиќ: Реал треба да го продолжи договорот со Лука Модриќ