дома Македонија ДИК: Од преброени 89,98 проценти од избирачките места, Силјановска Давкова има 324....

ДИК: Од преброени 89,98 проценти од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

41

Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата. 

Според првичните и неофицијални резултати што на прес-конференција вечерва ги објави Државната изборна комисија (ДИК) од преброени гласови од 3.156 избирачки места односно 89, 98 отсто од избирачките места Гордана Силјановска Давкова освоила 324. 177 гласови – 39,99 проценти, додека Стево Пендаровски 161. 393 гласови односно 19, 90 проценти. Трет по освоени гласови од седуммината кандидати е Бујар Османи од ДУИ со освоени 110. 903 гласови, потоа Арбен Таравари со 78. 110, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 70.996 гласови, Билјана Ванковска со 35.949 поддржана од Левица и со најмалку гласови е Стевчо Јакимовски 7.499 од ГРОМ.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски истакна дека излезноста на гласачите според податоците од 3.156 избирачки места изнесува 49,75 отсто. На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.

Даштевски оцени дека изборниот ден минал мирно, а граѓаните достоинствено гласале. Сите учесници биле достоинствени, немало проблеми.

– Деведесет и девет отсто работите минаа како што треба, рече претседателот на ДИК.

Она што се случи во Куманово, како што кажа, било од недоразбирање.

ПредходнаВо СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената
СледнаСилјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во две, Османи во 16, Таравари и Димитриевски во по една