дома Свет Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер...

Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана

44

Според правосудните органи, приведениот Александар Фомин, кој е соосновач на градежната компанија „Олимписистрој“, е осомничен за давање мито на Иванов, кој беше уапсен во вторникот, како и на Сергеј Бородин, близок соработник на Иванов, кој исто така е во притвор.

Скандалот што избувна е најголем во последните неколку години во руското Министерство за одбрана и е силен удар за угледот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Правосудните органи преку соопштение објавија дека Фомин е осомничен за „вршење услуги“ за Иванов, Бородин и други во вид на материјали, труд и услуги поврзани со реновирање на станови.

-Фомин и други лица, исто така, дејствувајќи како организирана криминална група, му понудиле на Иванов да прими поголем поткуп во вид на незаконско давање услуги поврзани со градежни поправки, се вели во соопштението.

ПредходнаОбезбеден буџет за изградба на Турскиот театар-Скопје, завршени покривот и фасадата на објектот
СледнаСикорски: Рускиот напад врз НАТО би завршил со пораз на Москва