Американскиот претседател Џо Бајден ја назначи Лиз Гранде за нов специјален пратеник за блискоисточни хуманитарни прашања, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Гранде, која го замени Дејвид Сатерфилд, моментално е шеф на независниот американски Институт за мир.
Таа претходно работеше за Обединетите нации повеќе од 25 години, кариера која вклучува водечки операции за помош во Јемен, Ирак и Јужен Судан. паг/
Фото: Фејсбук