дома Свет Врховниот суд на САД ќе ги сослуша аргументите за случајот за претседателски...

Врховниот суд на САД ќе ги сослуша аргументите за случајот за претседателски имунитет на Трамп

42

  Историскиот случај, кој може да ја реши правната и политичката судбина на Доналд Трамп, поранешниот претседател, како и да ја дефинира моќта на шефовите на Белата куќа, е пред Врховниот суд на САД каде се девет судии.

Како што пренесува Би-Би-Си, денеска ќе почне сослушувањето за тоа дали поранешните претседатели на САД имаат имунитет од гонење за дејствијата што ги презеле додека биле на функција.

На рочиштето ќе се судрат адвокатите на Трамп и специјалниот обвинител Џек Смит. Лани тој го обвини поранешниот претседател дека наводно се обидел да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.Трамп тврди дека не може да биде обвнет според Уставот на САД

Судењето беше во чекање додека спорот стигна до највисокиот суд во земјата. Случајот веќе ја доби квалификацијата – историски.

Трамп е првиот поранешен претседател кој е обвинет за федерални злосторства.

И одлуката на Врховниот суд, која можеби ќе дојде до јуни, ќе биде и историска. Ако судот пресуди дека Трамп може да биде кривично гонет, тогаш судењето ќе продолжи, но веројатно ќе се рестартира најрано кон крајот на летото, во  сезоната на претседателските избори. Ако одлучи дека тој навистина има имунитет, Трамп може да види отфрлени други кривични случаи против него.

ПредходнаБајден ја назначи Лиз Гранде за нов специјален пратеник за блискоисточни хуманитарни прашањa
СледнаШолц: Заедничката цел на Франција и Германија е да ја одржат Европа силна